Публикации

ai2
Извештај за резултатите од социјалното мапирање: „LNOB социјално мапирање и креирање политики базирани на доказиво Општина Куманово“

Социјалното мапирање е основен метод за презентирање на знаењата за просторите и луѓето во кои живеат во нив. Социјалното мапирање им помага на локалните власти да развијат приспособени локални политики за социјална заштита и  мерки за справување со специфичните потреби на ранливите групи на граѓани. Општата цел на мапирањето е да придонесе за социјално вклучување на обесправените групи, подобрување на квалитетот на животот, како и поттикнување на социјалната кохезија на локално ниво преку промовирање на локализацијата од Агендата 2030 и нејзините цели, особено, принципот „Никого не оставај зад себе“ – LNOB на општинско ниво. Центарот за европска граѓанска иницијатива, во 2023 година беше ангажиран да го спроведе социјално мапирање на територијата на општина Куманово на претходно развиена методологија од страна на GIZ GmbH и во координација со претставници на НАЛАС и Општината. Општата цел на мапирањето „Спроведување на LNOB социјално мапирање и креирање политики базирани на докази во општина Куманово”, беше насочена  кон  одговорните лица во Општина Куманово да развијат приспособени локални политики  кои ќе им помогнат на лицата со попреченост и  ранливите категории на граѓани. Главната цел е да се воведат нови форми и начини на спроведување на услуги за ранливите категории на граѓани кои ќе им овозможат полесно вклучување во општественото живеење. Покрај тоа целта  на мапирањето беше да се согледаат проблемите со кои се соочуваат надлежните социјални институции и невладини организации од општина Куманово кои се задолжени за грижа и помош на лицата со попреченост и ранливите категории на граѓани, како и подобрување на можностите и условите на истите. Главниот акцент е ставен на дневниот центар Центарот за рехабилитација и реинтеграција за унапредување на услугите за рехабилитација и реинтеграција на лицата со интелектуална  попреченост. Истражувањето овозможи да се добијат сознанија за нивото и формата на ранливост на лицата со попреченост,  мажи и жени во општина Куманово, како и кои се можностите за подобрување на нивната состојба  во Општината.  Се идентификуваа ставовите на лицата со попреченост за надминување на проблемите и подобрување на услугите што ги добиваат. Се изврши структурирање на потребите на лицата со попреченост, мажи и жени, во различни области (образование, транспорт, домување, социјална грижа, вработување, политичко учество, заштита и спасување итн.). Резултатите ќе помогнат да се добие проценка за квалитетот и ефективноста на тековните социјални услуги и ќе им помогнат на Општината, Центарот за социјална работа, Агенцијата за вработување, Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и невладините организации да преземат активности и нудат услуги врз основа на препораките од социјалното мапирање. Податоците од социјалното мапирање ќе придонесат и за подобрување на локалните планови за управување со кризи и за заштита и спасување.

publicatcia-thumbnail
Остварување на правата на лицата со попреченост на национално и локално ниво

Публикацијата со наслов „Остварување на правата на лицата со попреченост на национално и локално ниво“ е истражувачки извештај, којшто се однесува на спроведеното истражување во периодот од 10 јули 2023 година до 31 март 2024 година на национално и локално ниво. Беа опфатени правата на лицата со попреченост од аспект на инклузивноста во образованието, недискриминацијата, пристапноста на инфраструктурата, избирачкото право и кризниот менаџмент. Публикацијата содржи оригинални податоци и треба да придонесе  во добивање на реална слика за состојбите и основа на преземање на соодветни мерки од националните и локалните власти као и од меѓународната заедница.

CECI-publication-shtip
Подобрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп во образовниот процес во општина Штип

Оваа публикација е издадена со финансиска поддршка на Европската унија и преставува истражувачки извештај кој е резултат на активности во рамките на проектот „Оидибрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп во образовниот процес во општина Штип“. Овде се содржани информации за европските политики за правата на студентите со попреченост, приказ на добра пракса на некои европски универзитети, визуелно мапирање на пристапноста на објектите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и извештаи од фокус групи, реализирани со студенти со и без попреченост и со професори кои работат во областа на попреченоста. Публикацијата е објавена 2018 година на македонски јазик.

strumica-publication
Социјално мапирање на возрасни и деца со попреченост во општина Струмица

Оваа публикација претставува истражувачки извештај и претставува социјално мапирање на возрасните и децата со попреченост во општина Струмица. Публикацијата е базирана на податоци кои се базирани преку анкета реализирана меѓу 105 испитаници- возрасни со попреченост иродители на деца со попреченост, анализа на државни и локални документи, две фокус групи и визуелно мапирање на пристапноста на индраструктурата и објектите во општината. Публикацијата е финансиски поддржана од ГИЗ и е објавена 2022 година на англиски јазик.

kochani-publication
Социјално мапирање на возрасни и деца со попреченост во општина Кочани

Оваа публикација претставува истражувачки извештај и претставува социјално мапирање на возрасните и децата со попреченост во општина Кочани. Публикацијата е базирана на податоци кои се базирани преку анкета реализирана меѓу 108 испитаници- возрасни со попреченост иродители на деца со попреченост, анализа на државни и локални документи, две фокус групи и визуелно мапирање на пристапноста на индраструктурата и објектите во општината. Публикацијата е финансиски поддржана од ГИЗ и е објавена 2022 година на англиски јазик.

Извештај за резултатите од социјалното мапирање: „LNOB социјално мапирање и креирање политики базирани на доказиво Општина Куманово“

Социјалното мапирање е основен метод за презентирање на знаењата за просторите и луѓето во кои живеат во нив. Социјалното мапирање им помага на локалните власти да развијат приспособени локални политики за социјална заштита и мерки за справување со специфичните потреби на ранливите групи на граѓани. Општата цел на мапирањето е да придонесе за социјално вклучување на обесправените групи, подобрување на квалитетот на животот, како и поттикнување на социјалната кохезија на локално ниво преку промовирање на локализацијата од Агендата 2030 и нејзините цели, особено, принципот „Никого не оставај зад себе“ – LNOB на општинско ниво. Центарот за европска граѓанска иницијатива, во 2023 година беше ангажиран да го спроведе социјално мапирање на територијата на општина Куманово на претходно развиена методологија од страна на GIZ GmbH и во координација со претставници на НАЛАС и Општината. Општата цел на мапирањето „Спроведување на LNOB социјално мапирање и креирање политики базирани на докази во општина Куманово”, беше насочена кон одговорните лица во Општина Куманово да развијат приспособени локални политики кои ќе им помогнат на лицата со попреченост и ранливите категории на граѓани. Главната цел е да се воведат нови форми и начини на спроведување на услуги за ранливите категории на граѓани кои ќе им овозможат полесно вклучување во општественото живеење. Покрај тоа целта на мапирањето беше да се согледаат проблемите со кои се соочуваат надлежните социјални институции и невладини организации од општина Куманово кои се задолжени за грижа и помош на лицата со попреченост и ранливите категории на граѓани, како и подобрување на можностите и условите на истите. Главниот акцент е ставен на дневниот центар Центарот за рехабилитација и реинтеграција за унапредување на услугите за рехабилитација и реинтеграција на лицата со интелектуална попреченост. Истражувањето овозможи да се добијат сознанија за нивото и формата на ранливост на лицата со попреченост, мажи и жени во општина Куманово, како и кои се можностите за подобрување на нивната состојба во Општината. Се идентификуваа ставовите на лицата со попреченост за надминување на проблемите и подобрување на услугите што ги добиваат. Се изврши структурирање на потребите на лицата со попреченост, мажи и жени, во различни области (образование, транспорт, домување, социјална грижа, вработување, политичко учество, заштита и спасување итн.). Резултатите ќе помогнат да се добие проценка за квалитетот и ефективноста на тековните социјални услуги и ќе им помогнат на Општината, Центарот за социјална работа, Агенцијата за вработување, Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и невладините организации да преземат активности и нудат услуги врз основа на препораките од социјалното мапирање. Податоците од социјалното мапирање ќе придонесат и за подобрување на локалните планови за управување со кризи и за заштита и спасување.

Преземи »

Остварување на правата на лицата со попреченост на национално и локално ниво

Публикацијата со наслов „Остварување на правата на лицата со попреченост на национално и локално ниво“ е истражувачки извештај, којшто се однесува на спроведеното истражување во периодот од 10 јули 2023 година до 31 март 2024 година на национално и локално ниво. Беа опфатени правата на лицата со попреченост од аспект на инклузивноста во образованието, недискриминацијата, пристапноста на инфраструктурата, избирачкото право и кризниот менаџмент. Публикацијата содржи оригинални податоци и треба да придонесе во добивање на реална слика за состојбите и основа на преземање на соодветни мерки од националните и локалните власти као и од меѓународната заедница.

Преземи »

Подобрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп во образовниот процес во општина Штип

Оваа публикација е издадена со финансиска поддршка на Европската унија и преставува истражувачки извештај кој е резултат на активности во рамките на проектот „Оидибрување на

Преземи »

Социјално мапирање на возрасни и деца со попреченост во општина Струмица

Оваа публикација претставува истражувачки извештај и претставува социјално мапирање на возрасните и децата со попреченост во општина Струмица. Публикацијата е базирана на податоци кои се

Преземи »